Intervju: Dzejlan Veliu členka na CK na partijata Levica vo Makedonija, govori za aktuelnata sostojba vo taa država

 

levica-logo

 

Makedonija kako nikogaš do sega ne bila vo situacija da mora da odlučuva za svojata idnina, dali e ova istoriski važen momentum za toa ili ne?

Овој народ за својата иднина одлучи во 1941 година кога се формира првиот партизански одред, јасно се спротистави на империјализмот и фашизмот поставувајќи ги темелите на Асномска Македонија и станувајќи прва држава на Балканот која е создадена од комунисти. Сега нас ни останува да го зачуваме тоа што нашите предци преку борба го добиле и уште еднаш јасно да се спротиставиме на желбите на империјалистичките земји.

Vo vreme koga imperijalizmot galopirački gazi kako posleden stadium na kapitalizmot, kolku e važno za začuvuvanjeto na državniot suverenitet i nacionalniot integritet na eden mal narod kako što e makedonskiot?

Нашата борба е интернационална и не познава државни граници. Државниот суверенитет и националниот интегритет не се многу битни сами по себе бидејќи нашата крајна цел е свет без граници. Но живееме во свет на корпорации и национални држави. Оттука се додека националните трудови законодавства нудат поголеми работнички права и социјална заштита од комунитарното право на ЕУ и правилата на единствениот пазар, ние секогашќе сме на страната на социјалната држава. И се додека постојат националните држави, ние ќе го штитиме правото на самоопределување на народите и ќе се бориме против национал-шовинистичките тенденции на другите земји, како во случајот Грција против Р. Македонија

Kakov e oficijalniot stav na partijata Levica okolu začlenuvanjeto na Makedonija vo voeniot sojuz NATO, so ogled na toa deka ovaa voena struktura ne može da obezbedi vnatršen mir i stabilnost spored povelbite od nejzinoto formiranje, “štitejki” gi svoite členki samo od nadvorešna agresija?

Ставот на партијата е јасен уште од самото формирање. Во нашата политичка програма пишува дека сме против членување во воени сојузи. Ние не веруваме дека оваа структура обезбедува мир, напротив знаеме дека НАТО воениот сојуз е продолжена рака на империјализмот на САД кој постојано создава војни со една единствена цел – профитот.

So ogled na toa deka vlezot vo NATO na Crna Gora beše politička odluka, misliš li deka održavanjeto na bilo kakov referendum po ova prašanje, kako i za imeto, ke bide ušte edna farsa?

Во капиталистичките земји каде преовладува неолибералната политика скоро секој процес на гласање, на избирање, на изјаснување на народот, дали било за референдум или за време на избори може да биде само фарса. Свесни сме за тоа дека Владата на СДСМ и ДУИ од петни жили се трудат да ја внесат Македонија во НАТО, притоа ветувајќи референдумско изјаснување за процесот на промена на името и внесувањето на Македонија во НАТО да изгледа легитимен и демократски.

Zošto Levica i pokraj toa što javno ne podrža odredeni protesti protiv nosenjeto na sramniot dogovor za menuvanje na imeto beše okvalifikuvana kako partija koja zastapuva nacionalistički stavovi?

Левица не е националистичка туку е надетнилка партија. Луѓето кои гравитираат околу власта не знаејќи како да ги оправдаат постапките на Владата, решение најдоа во оцрнување на сите субјекти кои застанаа условно кажано  во обрана на името и против зачленување на Македонија во воен сојуз. Ако намерите на другите субјекти кои застанаа во одбрана на државното име и идентитетот се националистички и десничарски, тоа не е случај со Левица, бидејќи ние тргнуваме од левичарски принципи, поради правото на самоопределување на народите и поради нашите антимилитаристички позиции, бидејќи промената на името нужно води до зачленување во НАТО, поточно, името се менува се со цел влез во НАТО.

Rabotničkata klasa koja so decenii e atrofirana vo celiov ovoj slučaj e samo nem posmatrač na sostojbite vo najsiromašnata zemja vo Evropa, čija edinstvena strategija za reševanje na ekonomskata sostojba ja gleda so začlenuvanjeto vo voen sojuz kako garant na krupniot kapital, zarem ne e toa najgolemata ironija?

Кога се во прашање интересите на капиталот, а најсилен застапник на капиталот во моментот е НАТО пактот, не се работи за никаква иронија, туку за гол интерес за експанзија на капиталот и негова безусловна заштита. Самата транзиција на македонската економија од социјализам во периферен капитализам, ја направи Македонија најсиромашна земја во Европа. За да се спречи гневот на народот и за да се ослбне револуционерниот потенцијал на работничката класа во Македонија, владеачките партии ги користат како магионичарско стапче „евроатлантските интеграции“. Тоа го прават затоа што нема што друго да понудат.

Vladata vo Skopje veke go proslavi začlenuvanjeto na Makedonija vo NATO, ova me potsetuva na 5. dekemvri 2005 godina koga istata ovaa politička garnitura slaveše dobien status kandidat za členstvo vo EU, zarem ova ne e ušte eden politički poraz koj slavi elitata od “Bihaćka”?

Не е пораз само на елитата од „Бихачка“, туку е пораз на сите социјалдемократски партии кои се на власт во балканските земји. Социјалдемократските партии во Македонија, во Грција и Албанија одработуваат за империјалистичките интереси на САД и на НАТО пактот, сакајќи горенаведените земји да ги претворат во колонии за полесно да ги  експлоатираат нивните народи, додека пак, највисокото раководство на овие партии се задоволува со доделената улога на послушни вазали.

Dali Levica kako deklarirana antiimperijalistička i antimilitaristička partija poaktivno i poradikalno ke gi proiznese svoite stavovi po prašanjeto okolu členstvoto na Makedonija vo NATO, koe treba da se sluči posle eventualen neregularen referendum za imeto?

Левица веќе почна со кампањата против промена на државното име и против зачленување во НАТО пактот. Кампањата се одвиве преку налепници и плакати, преку делење на летоци и брошури, преку споделување на видеа по социјалните мрежи за злосторствата кои ги врши НАТО воениот пакт, преку гостувања на ТВ дебати и герила акции. Такви герила акции имавме за време на прославата за добиената покана за започнување на пристапни приговори во НАТО пактот, во повеќе градови низ државата. Во Скопје за време на прославата упаднавме пред бината каде што се одржуваше прославата и истакнавме два транспаренти, во Битола и Гевгелија во непосредна близина на местото каде за одржуваше прославата нашите членови истакнаа транспаренти, во Куманово транспарент беше истакнат на надвозникот на релација Скопје – Куманово, додека пак во Гостивар, транспаренти имаше на различни локации.

Dali Levica ima vo momentov konkretna podrška od drugi levičarski partii vo Evropa okolu bilateralniot problem koj Makedonija go ima so so Grcija, i kolku navistina se zapoznaeni so genezata na istiot?

Веќе подолго од една година, Левица соработува со грчите левичарски партии и со една турска левичарска партија. Политичките субјекти со кои Левица соработува се многу добро запознаени со проблематиката и во овој т.н спор застануваат на наша страна, поточно, тие се против промената на државното има на Р. Македонија, бидејќи сметаат дека промената на името се наметнува од страна на нивната буржујска влада поради нивните национал-шовинистички барања се со цел добивање на политички поени и во десниот табор од електоратот. Конкретно, Левица во март месец оваа година, организираше трибина со наслов „Товарот на името, Македонија – Грција“, на која гости беа членови од четири грчки левичарски партии. Понатаму, членови на една левичарска партија од Грција присуствуваа на нашиот првомајски протест кој се одржа во Скопје, каде што одржаа и говор. Исто така, наш член присуствуваше на протест во Солун кој беше организиран против новите мерки за штедење. Нашиот член во Солун го вееше нашето партиско знаме, при што одржа и говор. Соработката со грчките левичарски партии ни е на највисоко ниво. Соработка имаме и со други левичарски партии ширум Европа.

Za kraj, koi sê aktivnosti se slučuvaat vnatre vo partijata, i može li da se očekuvaat predvremeni izbori i nova politička kriza vo Makedonija so bezbednosni implikacii?

Партијата моментално најмногу е насочена на кампањата против зачленување во НАТО пактот, но наша примарна цел се работничките права, здравството, образованието, спрвување со национализмот и запирање на најавените приватизации. Следејќи ги случувањата на политичката сцена во Македонија сметам дека може да има предвремени парламентарни избори, кои би се одржале заедно со референдумот. А што се однесува до политичката криза – Македонија, објективно гледано нема излезено од политичката криза во која западна после конфликтот од 2001 година. Народот на оваа држава постојано се држи под страв од меѓуетнички судири и агресија од соседните земји. Тоа всушност е пропагандата која работи години на назад за да дојде денот кога Македонија ќе треба да стане членка на НАТО која ни нуди безбедност и сигурност од фиктивните непријатели.

Od denešna perspektiva kako ja gledaš farsata narečena šarena “revolucija” i kolku može vo idnina da se smeta seriozno na bilo koj iskažan revolt na narodot, posle gubenjeto na sekakov legitimitet na istata?

Т.н шарена револуција не е прва обоена револуција која и се случи на Македонија. Претходно, во 2006 година бевме сведоци на т.н портокалова револуција која на власт го донесе ВМРО-ДПМНЕ. Шарената револуција од 2016 година беше предводена од граѓански активисти и НВО блиски до СДСМ. Гледано од аспект на тоа што сите обоени револуции до сега имаа за цел воспоставување про-западни режими, од таа гледна точка „шарената револуција“ беше повеќе од успешна. За разлика од отпорот против власта воспоставена преку „портокаловата револуција“ кој се појави после 10 години, сега отпорот против власта воспоставена преку „шарената револуција“ се појави после само една година. Тоа не охрабрува да продолжиме да работиме и да се бориме против погубната граѓанска идеологија, затоа што работничката класа веќе е имуна на идеологијата и пропагандата на левиот и десниот центар. Работниците се жедни за порадикална реторика. Нашата главна цел во периодот кој претстои е да не ги препуштиме работниците во прегратките на десните популисти туку дополнително да ги придобиеме на наша страна.

Razgovorot go vodeše: Gordan Stošević

 

 

 

 

 

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s